“ИТНО НАПРАВЕТЕ ПЛАН ЗА МИР!“ – Отворено писмо до Џо Бајден од многу моќна и влијателна група на луѓе

Во четвртокот, Советот на старешини го повика претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, да излезе со план за траен мир меѓу Израел и Палестина.

Организацијата, која вклучува високи функционери, активисти за мир и човекови права, а е основана од Нелсон Мандела во 2007 година, побара од претседателот на САД да дефинира „визија за мир“.

Во писмото се наведува дека планот мора да се заснова на решение за две држави и мора да им даде еднакви права и на Израелците и на Палестинците. Тој беше потпишан од, меѓу другите, Мери Робинсон, претседател на Советот на старешини и поранешен претседател на Ирска и двајца добитници на Нобелова награда за мир.

Планот, исто така, мора да се заснова на меѓународното право, да определи кој ќе ја преземе контролата врз Појасот Газа, потоа да ги реши легитимните безбедносни стравови на Израел и да стави крај на присвојувањето на палестинската територија од страна на Израел, се вели во писмото.

Појас Газа

Потписниците на писмото признаа дека за изнаоѓање мировен план ќе биде потребно време и многу политичка храброст.

Тие го осудија нападот на Хамас што се случи на 7. октомври, но сметаат дека уништувањето на Појасот Газа и убивањето цивили не ги прави Израелците безбедни и дека тоа што се случува ќе предизвика ширење на тероризмот во регионот и пошироко.

Тие нагласуваат дека „нема воено решение за овој конфликт“.

На крајот од писмото се наведува дека ерата на Џо Бајден ќе остане запаметена во историјата доколку успее да формира коалиција од партнери кои сакаат праведно решение и кои можат да создадат одржлив план.