Комуналното претпријатие „Турија“- Василево доцна синоќа ги информирало жителите од населените места Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија, дека по направените микробиолошки анализи, водата не е за употреба.
Ниту жителите од Општина Василево, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја користат водата од градскиот водовод. Комуналното претпријатие „Турија“- Василево доцна синоќа ги информирало жителите од населените места Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија дека по направените микробиолошки анализи, водата не е за употреба.
„Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани“, информираат од Општината на својата официјална фејсбук-страница.
Оттаму додаваат оти подолг период се преземаат мерки за обезбедување пивка вода за населението. Посочуваат оти на располагање се обезбедени диспанзери, шишиња вода во училиштата и градинката, како и канистри со вода за пиење на населението. Од денеска, пак, како што посочуваат, во функција ќе биде ставена и цистерна за вода обезбедена со помош на Општина Радовиш.
„Општина Василево изминатиот период направи сериозен зафат на филтер станицата Ташли Баир, ја променивме кварцната песок, која претходно никогаш не беше променета од 2006 година,односно од изградбата на самата филтер станица. Исто така, променета е и целата електроника“,