И ЕМАНУЕЛ МАКРОН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА !? Димитар Ковачевски ја потврди посетата на Урсула фон дер Лајен, а најави и можна посета од претседателот на Франција

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денес во изјава најави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на земјава до крајот на октомври.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на Северна Македонија до крајот на месецот“, вели Димитар Ковачевски.

Урсула фон дер Лајен

Како што вели Димитар Ковачевски, интерес за посета на Македонија има и од страна на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Претседателката на Европската комисија до крајот на месецот ќе ја посети Северна Македонија. Претседателот Емануел Макрон неколкупати јавно изрази желба и порача дека во некоја од неговите посети ќе ја посети нашата земја“, изјави Димитар Ковачевски.