И покрај војната со Иран, Израел продолжува со нападите врз Газа: 35 Палестинци убиени додека барале храна
Најмалку 35 Палестинци беа убиени во вчерашните израелски воздушни напади низ Појасот Газа.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќето од нив биле убиени во близина на место за дистрибуција на помош, управувано од контроверзната Хуманитарна Фондација за Газа (GHF), поддржана од САД.
Лекарите во болниците „Ал-Авда“ и „Ал-Акса“ во централна Газа, каде што беа однесени повеќето од ранетите, изјавија дека најмалку 15 лица биле убиени додека се обидувале да се приближат до местото за дистрибуција на помош на GHF во близина на коридорот Нецарим.
Другите беа убиени во одделни напади низ енклавата, додадоа тие.
Ројтерс објави дека немало непосреден коментар од израелската војска или од ГХФ за денешните напади.
За потсетување, вчера Израел го нападна Иран, што доведе до дополнителни тензии на Блискиот Исток, но и покрај ова, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа.