КАВГА ВО ООН! Рама се скара со рускиот амбасадор – изречени се тешки зборови

Рама и рускиот амбасадор во ОН се скараа.

Во Њујорк заседаваат Генералното собрание на Обединетите нации и Советот за безбедност, со кои претседава Албанија. Премиерот Еди Рама се скара со рускиот амбасадор зошто прв зборува украинскиот претседател. Рама прво објасни дека темата е војната во Украина и дека тоа е причината, дека е според правилата. И тогаш тој даде предлог.

– Сакаме да ве прашаме – врз основа на што решивте да му дадете збор на претседателот на Украина Володимир Зеленски пред да зборуваат членовите на Советот за безбедност, од кои многумина се претставени овде на ниво на претседател и премиер? – праша рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја.

– Морам да кажам, кога целата оваа лекција за кршење на правилата во оваа зграда доаѓа од вас, навистина е импресивно. Но бидејќи неколку пати повторивте дека прекршувањето е што претседателот Зеленски зборува пред да зборуваат членовите на Советот, имам решение за тоа, ако се согласувате. Запрете ја војната, а претседателот Зеленски нема да зборува. Што го направи важен овде и што е важно прво да го слушнеме па потоа да разговараме, за тоа сте одговорни вие, а не ние – му одговори Еди Рама.