Кадиров формира нов баталјон: Ќе го носи името на големиот руски непријател – еве што порача чеченскиот лидер

Во Чеченија се комплетира формирањето на нов баталјон, објави на својот канал Телеграм шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров.

– Се привршува формирањето на нов баталјон на руското Министерство за одбрана, кој ќе го носи името на шеикот Мансур, истакнат претставник на чеченскиот народ, првиот имам на Кавказот – напиша Кадиров.

Баталјонот ќе биде сместен во Гудермес, а Кадиров го посети градилиштето на воениот објект.

„По завршувањето на сите работи, овде ќе има одлични услови за воениот персонал. Тоа е главната задача при формирањето борбени единици“, додаде тој.

Шеикот Мансур, роден како Мансур Ушурма, бил воен командант и исламски водач кој се борел за Чеченија и Черкесија. Тој беше влијателен во отпорот против ширењето на Руската империја на Кавказ, во времето на Екатерина Велика.

Шеикот Мансур се смета за прв водач на отпорот во Северен Кавказ против рускиот империјализам и останува херој на чеченскиот народ.