Научник од китоми снимил фотографија од навидум збунета фока во устата на грбав кит откако случајно ја проголтал во водите кај Анакортес, Вашингтон.
Капетанот на Blue Kingdom Whale и Wildlife Tours, Тајлер МекКин, од кого Брук Казанова ги направи фотографиите, вели дека китот користел техника на хранење со рафал, каде што широко ја отвора устата и внесува одредена количина риба и вода. Меѓутоа, наместо да остане под вода, китот излегол на површина и почнал да ја отвора и затвора устата.
Откако китот се вратил во водата, истражувачите ги проверувале фотографиите и видеата од фоката во неговата уста. Грбавите китови ги посетуваат водите меѓу Британска Колумбија и државата Вашингтон, пренесува АП.