КАКОВ ОГРОМЕН ТРЕЈД ВО НБА ЛИГАТА – Никола Јокиќ повеќе не е најплатен кошаркар: Џејлен Браун потпиша супер-макс договор и собори историски рекорд

Кошаркарот на Бостон СелтиксЏејлен Браун, се согласи на продолжување на соработката со клубот и со тоа испиша нови страници од историјата на НБА лигата.

Неговиот нов, петгодишен, супер-макс договор вреди неверојатни 304 милиони долари. Станува збор за најголемиот договор во историјата на најсилната лига во светот, а веста ја потврди и неговиот агент за играчи Џејсон Глушон, која ја пренесуваат сите сигурни НБА инсајдери.

Бостон, Џејсон Тејтум, Џејлен Браун
Џејлен Браун и Џејсон Татум

Да потсетиме, досега рекордот го држеше Никола Јокиќ, кој со Денвер Нагетс потпиша 5-годишен договор вреден 270 милиони долари. На третото место е Бредли Бил со 251 милион, четврти е Џанис Антетокунмпо со 228, а петтото го делат Девин Букер и Карл Ентони Таунс со 224.

Џејлен Браун ќе заработи неверојатни 69 милиони долари во последната година од договорот (2028/29).