Каков ѕвер! Модриќ се вози во скап автомобил: Им се пофали на обожавателите со својата нова машина (ВИДЕО)

Познатиот хрватски фудбалер Лука Модриќ слободното време го искористи да оди во ресторан во Мадрид со сопругата.

Појавувањето на Модриќ во јавноста предизвика голем интерес, па околу него брзо се формираше голема група обожаватели кои сакаа да се фотографираат и да добијат автограми.

Модриќ дојде со својот нов автомобил. Станува збор за новиот модел BMW iX M60 со 619 коњски сили чија цена е околу 140.000 евра.Тој автомобил тој го добил на почетокот на сезоната како дел од спонзорската соработка меѓу мадридскиот клуб и BMW, а само Модриќ од неговиот соиграчите се одлучија за овој електричен SUV модел.