Како да одгледувате ѓумбир дома? Потопете го коренот во проѕирен сад и погледнете како се случува чудо за 10 дена

Сигурно не ви паднало на памет дека можете да одгледувате ѓумбир, а за тоа доволно ви е да купите еден обичен корен.

Иако ѓумбирот потекнува од Азија, тој може да се одгледува и овде . Раната пролет, што значи крајот на февруари и почетокот на март, е вистинско време да се засади ѓумбир покрај други растенија.

Доволно е да купите еден обичен корен од ѓумбир, да го натопите во непроѕирен сад, да го покриете и да го оставите да отстои еден ден.

По 24 часа извадете го и ставете го во кеса со патент и оставете го на потполно темно место. По десет до петнаесет дена, на корените ќе се појават никулци.

Како компир

Ботаничарите објаснуваат дека следната постапка е иста како при садење компири. Делот со ластари се става во саксија со земја и се полева.

Се носи надвор кога температурата ќе почне да надминува 15 Целзиусови степени повеќе од седум дена.

Потребна му е многу топлина, сонце и наводнување, а по еден месец ќе добиете прекрасно растение кое ќе цвета во текот на летото, а на есен ќе можете да го извадите коренот и да го искористите.