Како изгледаа француските протести за 1 мај: Уништени продавници и невиден судир меѓу граѓаните и полицијата

Низ цела Франција, а особено во главниот град Париз, на 1 мај се одржаа големи работнички протести на кои граѓаните уште еднаш го изразија своето незадоволство против пензиските реформи на владата поддржана од Емануел Макрон.За разлика од некои земји каде 1 мај се користи за уживање, Французите и овој Ден на трудот го поминаа на улица. Повеќе од 782.000 демонстранти се собраа во Париз и други градови за да го изразат своето незадоволство од работата на властите.

Ден по протестот, полицијата уште еднаш објави официјални податоци за повредените на протестите и нагласи дека се уапсени 291 лице, а повредени 108 полицајци.

„Најинтензивен фокус на протестот беше во Нант, каде што се собраа 18.000 демонстранти. Граѓаните се обидоа да се справат со полицијата и запалија неколку луксузни возила на улица“, пишува Ле Монд.

Еден од градовите каде што исто така беше бурно беше Анже, каде се собраа повеќе од 8.000 луѓе.

„Во овој град градското собрание е заштитено со железни шипки. Продавниците и сообраќајните знаци се целосно уништени“, пишува овој француски весник.

По повод ескалацијата на насилството се огласи и десничарката Марин Ле Пен која рече дека демонстрантите претерале кога станува збор за конфронтации со полицијата.

„Веќе не се занимаваме со насилство, туку со обиди за атентат врз полицијата. Што се однесува до подметнувачите на пожар, тие треба да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Ле Пен.