КАКО СЕ БОРИ ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА ВО ПОЈАСОТ ГАЗА ? Часовникот отчукува, а тие полека мора да превземат сериозни чекори: “Ја научија лекцијата од 2014 година“

По неколкунеделни бомбардирања и ноќни напади дизајнирани да го испитаат и тестираат отпорот на Хамас, Израелците сега се обидуваат да го повлечат обрачот околу Хамас со тоа што го пресекуваат Појасот Газа на два дела. Израелските трупи се движат над градот Газа на север и кон Вади Газа на југ, со цел да ја опколат милитантната група која владее со Појасот Газа.

Израелските воени аналитичари го опишуваат пробивот на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Појасот Газа како „внимателен притисок“. Премиерот Бенјамин Нетанјаху даде слична изјава, велејќи во понеделникот дека Израел постигнува „стабилен напредок“ во воената кампања против Хамас

Израелската армија го прошири копнениот влез во Појасот Газа, тоа го прави со одмерени, многу силни чекори, систематски напредувајќи чекор по чекор“, порача Бенјамин Нетанјаху.

ИДФ соопшти дека погодила повеќе од 600 цели во изминатите 24 часа, а нејзините војници убиле десетици терористи забарикадирани во згради и тунели. Хамас објави „тешки борби“ во северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека израелските тенкови се повлекле од јужните предградија на градот Газа. Израелските аналитичари велат дека стратегијата „чекор по чекор“ на ИДФ е родена од научените лекции.

израелски тенкови во Појасот Газа

Првата лекција е од војната во 2014 година, кога за време на 50-дневна војна, Хамас уби 66 израелски војници благодарение на широката мрежа на тунели. Еден од најсмртоносните инциденти се случи во градот Газа е на третиот ден од конфликтот, кога оклопен транспортер се расипа и беше погоден од противтенковска ракета. Загинаа сите седум војници кои биле во возилото. После тоа, ИДФ изврши тешки воздушни и артилериски напади.

ИДФ учи од своите грешки и затоа неодамна можете да видите силни воздушни напади. Тие го подготвуваат теренот, го чистат во области за кои знаат дека ќе мора да се борат“, изјавил еден поранешен израелски воен разузнавач за The Telegraph.

Мануел Трајтенберг, извршен директор на Институтот за национални безбедносни студии (ИНСС) во Тел Авив, вели дека стратегијата на ИДФ мора да земе предвид и „неколку различни часовници, од кои сите отчукуваат“.

Прво, тоа е воен часовник во однос на работната сила и капацитетот. Но, потоа е прашањето за заложниците, меѓународниот притисок, па дури и економскиот притисок. Најголем предизвик е како да се синхронизираат сите овие часовници“, вели израелскиот аналитичар.

Целта на ИДФ во Појасот Газа е да го уништи военото крило на Хамас и неговата огромна воена инфраструктура, вклучувајќи мрежа од тунели, капацитети за производство на ракети и складишта за оружје и гориво. Горивото се користи не само за вентилација на тунелскиот систем, туку и за испумпување на водата бидејќи некои од тунелите одат под нивото на водата. 

Откако го уништи поголемиот дел од градот Газа, ИДФ сега полека ги придвижува војниците напред, користејќи булдожери и бомби за да ги урне тунелите и бункерите за да се обиде да спречи ненадејни напади од задниот дел.

Само ИДФ целосно знае што се случува, но се чини дека презема акции бавно и намерно. Јас би го окарактеризирал како внимателен, чекор по чекор пристап од воена перспектива“, рекол аналитичарот на ИНСС, Сима Шајн

Мануел Трајтенберг предвидува дека израелската копнена операција ќе го достигне својот врв за две недели, а потоа постепено ќе се намали и ќе се прошири во текот на неколку месеци.