“Како сум толку згодна ? Пијам пијалок кои топи калории!“ – најуспешниот модел на денешницата се ‘колне’ само во овие две состојки, а експертите уверуваат: “Тоа ќе ви помогне!“

На Емили Ратајковски честопати неофицијално и е доделувана титулата за најжешка позната дама во светот од страна на нејзините обожаватели. Таа е една од најуспешните манекенки на денешницата, а во една прилика открила како по породувањето успеала да ја доведе својата линија до совршенство. 

Емили Ратајковски се „колне“ во еден пијалок што го пие редовно и што помага да не се натрупаат несаканите килограми. Станува збор за сок кој има само две состојки – куркума и цвекло.

Емили Ратајковски

Претходните студии откриваат дека куркумата и цвеклото содржат големи количини на антиоксиданси кои согоруваат калории и го поттикнуваат метаболизмот. Ова го коментираат бројни диететичари кои уверуваат дека редовното консумирање на овие намирници е одлично доколку сакате да ја одржите телесната тежина.

Куркумата, исто како и сокот од репка, содржи нитрати кои се корисни за здравјето на срцето и помагаат во проширување на крвните садови за да се подобри протокот на крв во телото. Не само што нивната консумација е одлична за нашиот циркулаторен систем, туку може да помогне и во издржливоста, што е добро за време на вежбањето.

Така, според нутриционистите, сокот од куркума и цвекло буквално може да ни помогне да останеме во најдобра можна форма, што ги прави нашите тренинзи поефикасни, особено ако се работи за вежбање базирано на издржливост. 

Споругата на еден од најдобрите тенисери во светот, Јелена Ѓоковиќ, исто така редовно пие чај од куркума, чија подготовка е многу едноставна: потребни ви се само три четвртини од лажичка куркума, две големи лажици домашен мед и три шолји вода. Растворете ја куркумата во водата и варете додека водата не се намали на доволно за две чаши. Процедете, додадете мед и малку млеко.