Канадската провинција Британска Колумбија доцна синоќа прогласи вонредна состојба поради шумските пожари кои предизвикаа евакуација на 15.000 луѓе, а за 20.000 е издадено предупредување за евакуацијa.
„Само во последните 24 часа, ситуацијата еволуира и се влоши доста брзо, само за еден час“, изјави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Аби, на прес-конференција.
„Вечерва, како резултат на ова брзо влошување, прогласуваме вонредна состојба во провинцијата“, рече тој. „Тоа им ја пренесува на луѓето во провинцијата сериозноста на влошената ситуација со која се соочуваме“.
Значителен број имоти се уништени во областа Келовна, објави канадската радиодифузна корпорација (CBC). Келоун има 150.000 жители.
Летовите се откажани на аеродромот Келовна за приоритет да им се даде на авионите кои се борат со шумските пожари, јави Си-би-си. Во провинцијата, според синоќешните информации, активни се околу 366 пожари.
Бовин Ма, министерот на Британска Колумбија за управување со вонредни состојби, рече дека 20.000 жители се под предупредување за евакуација, а останатите во регионот треба да се спакуваат и да бидат подготвени да заминат, бидејќи ситуацијата „брзо ескалира“.
Во еден момент пожарникарите останале заробени додека спасувале луѓе кои не се евакуирале.
„Ако добиете наредба за евакуација, ве молиме заминете“, рече Еби.