По апсењето на амнестираниот член на криминалната група „Барон“, пресетседателката Силјановска ги свика членовите на Комисијата за помилување на итен состанок. По состанокот, во разговор за Телма, професорите Калајџиев и Каневчев рекоа дека не знаеле дека Равманоски е шеф на криминален клан. За нив жестоките реакции во јавноста имаат политичка заднина.