Рускиот канибал во сатанистички култ кој закла четворица тинејџери, ги обезглави и делумно изеде двајца, беше помилуван од рускиот претседател Владимир Путин.
Тој беше помилуван затоа што се бореше против Украина во озлогласената единица за осуденици.
Николај Оголобјак (33) во 2010 година беше осуден на 20 години затвор за убиство и сквернавење на трупови во серија ужасни ритуални убиства што го потресоа регионот на Јарослав , каде тогашниот тинејџер беше познат како „Грофот“ .
Оголобјак и другите обожаватели на сатаната, вклучително и еден со прекар „Хитлер “, обезглавиле две од нивните четири жртви, а потоа им ги отсекле срцата и јазикот, кои потоа ги пржеле и јаделе, покажуваат судските документи.
Голобјак, исто така, избодел друга жртва 666 пати , очигледно покажувајќи го таканаречениот „број на ѕверот“ поврзан со сатаната.
Тој требаше да биде ослободен во 2030 година, но му беше дозволено да се пријави во озлогласената руска осуденичка единица „Бура З“ , а потоа беше помилуван од Путин по одлежувањето на шест месеци, изјави неговиот татко за медиумите.
– Ова е вистината. Таму служел половина година во ,,Бура З.” Откако бил ранет, тој е инвалид. Тој оди, но раната е сериозна. Тој е невработен, се опоравува – изјави неговиот татко за руските медиуми.
Оголобјак се вратил од Украина на 2 ноември и моментално живее со својата мајка во градот Јарослав во близина на Москва, според неговиот татко.
Оголобјак е меѓу голем број руски осуденици, вклучително и насилни криминалци, кои беа помилувани во замена за борбите на првите линии во Украина.
Сатанистичката секта на која и’ припаѓал Оголобјак е основана во 2006 година од тогаш 15-годишниот Константин „Фанг“ Баранов.