Единаесет лица загинаа, а 30 се водат како исчезнати откако утринава делумно се урна мост на автопат во северозападната кинеска провинција Шанкси поради поплави, соопштија локалните власти.
Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на сеопфатни напори за спасување по уривањето на мостот што доведе некои возила во реката, објави новинската агенција Ксинхуа.
Кси рече дека Кина е во критичен период во врска со поплавите и дека локалните власти мора да преземат одговорност за подобрување на мониторингот и рано предупредување.
Latest on bridge collapse in northern China:
— TRT World Now (@TRTWorldNow) July 20, 2024
– At least 11 killed & over 30 others missing
– Rescue operation is ongoing
– Bridge collapsed due to sudden downpours and flash floods pic.twitter.com/wXU3l07dW5
Кинеската Национална управа за пожари и спасување утринава соопшти дека испратила спасувачки тим кој вклучува 859 лица, 90 возила, 20 чамци и 41 беспилотно летало. Според информациите, спасувачите досега извлекле пет возила кои паднале во реката.
🚨 BREAKING:
— ZetaTalk Followers: Watch X, Planet X, aka Nibiru (@ZT_Followers) July 20, 2024
BRIDGE COLLAPSE
KILLS AT LEAST 11 IN CHINA
Flash floods just caused the collapse of
a highway bridge in the central Chinese city of
Shangluo. Rescue teams have recovered 5 vehicles
that fell into the river so far.
Source: @RawsGlobal
Wild Weather, the… pic.twitter.com/gX3blxQgZg
Мостот, кој се наоѓа во областа Јашуи во градот Шанглу, се урна откако обилните врнежи предизвикаа поројни поплави, според локалните власти.