Кејт Мидлтон сподели фотографија и испрати симболична порака пред Светскиот ден на ракот (фото)

Кејт Мидлтон испрати симболична порака на социјалните мрежи пред Светскиот ден на ракот, а пораката дојде само три недели откако објави дека е во ремисија од лекувањето.

Светскиот ден за борба против ракот се слави на 4-ти февруари, а Мидлтон ја сподели својата порака ден претходно. Имено, таа сподели фотографија на која стои насмеана во шумата со кренати раце, а како што изјавила, фотографијата ја направил нејзиниот син Луис.

Во описот на објавата таа изјавила: „Не заборавајте да негувате сè што лежи надвор од болеста“, а го додаде и хаштагот #Светски ден на ракот.

Природата беше посебен извор на задоволство и омилен начин за опуштање за Кејт Мидлтон за време на нејзиниот третман.

Мидлтон поголемиот дел од минатата година го помина на лекување од рак, а во септември официјализираше дека завршила со хемотерапија, додека на 14 јануари објави дека нејзината болест сега е во ремисија.

Кејт постепено се враќа на своите кралски обврски и се обидува да ги исполни сите потребни обврски.