Претседателот на СДСМ, Димитар Ковчаевски изјави дека не е задоволен од некои функционери на ДУИ и го спомена Артан Грубин.
Ковачевски во телевизискиот дуел со Христијан Мицкоски на „Канал 5“, изјави дека кога Груби играл фудбал во неговиот владин кабинет, граѓаните мислеле дека функционерите не прават ништо.
„Сметам дека ДУИ не се однесуваше онака како што треба, поточно одредени функционери во Владата. Но, морам да кажам дека некои претставници на таа партија нон-стоп работеа на антикризни мерки. Не можам да кажам дека Фатмир Бесими не работеше деноноќно со Битиќ и Тренчевска во антикризните мерки.
Но, од друга страна, кога Артан Груби играше фудбал во канцеларија, тогаш народот мислеше дека не прават ништо. Сакам да истакнам и дека сум задоволен од министерот Азир Алиу. Станува збор за висок професионалец, кој ги подготвил законските реформи во јавната администрација, кои се доставени до Собранието“, рече Ковачевски.
Ковачевски рече и дека претседателот Стево Пендаровски има капацитет да победи.
„Во СДСМ сме убедени дека ќе ја добиеме довербата од граѓаните за формирање на следната проевропска влада на Македонија и Стево Пендаровски ќе биде реизбран за претседател на државата, бидејќи имаме многу јасна визија и многу јасна план за европската иднина на државата која се заснова на храбри одлуки и јасна визија и јасен план како тоа да се направи“, рече Ковачевски на новинарско прашање каков претседател и треба на државата.