Ковачевски ќе учествува на конференцијата во Минхен

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе учествува на годинешната конференција во Минхен што се одржува од 17 до 19 февруари.

Во рамките на оваа конференција, Ковачевски ќе оствари средби со лидери и високи државни претставници и меѓународни организации, а ќе учествува и на тркалезната маса за земјите од Западен Балкан и важноста на процесот на европска интеграција во услови на политички немири. .

Фокусот на Минхенската безбедносна конференција оваа година ќе биде светското реструктуирање, предизвикано пред се од воената агресија на Русија против Украина.

Меѓу прашањата кои ќе бидат во фокусот на дискусиите во Минхен е – како изгледа светот една година по почетокот на инвазијата, дали војната е предвесник на понасилен свет каде што преовладува неказнивоста или војната може да биде катализатор за враќање на светските правила засновани на меѓународни.