Кога Путин ќе го слушне ова… Шокантен и бесрамен напад врз Русија, премиерот на земја од НАТО го шокираше светот
Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека неговата влада не сака „ниту едно евро“ од замрзнатите средства да бидат вратени во Русија.
Тој нагласи дека на Белгија ѝ се потребни јасни и правно засновани гаранции пред да може да се спроведе планот за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на голем заем за Украина.
Де Вевер по самитот на Европската унија во Брисел изјави дека поголемата правна сигурност би можела да го убеди да го поддржи планот, но нагласи дека лидерите на ЕУ сè уште се поделени по ова прашање, пренесува Ројтерс.
Позицијата на Белгија се смета за клучна, потсетува агенцијата, бидејќи средствата на руските институции главно се наоѓаат во белгиската финансиска куќа „Евроклер“, која би била директно задолжена за спроведување на евентуална одлука.