,,Колегите повеќе никогаш да не се занимаваат со пеење!” Карлеуша во свој стил ѝ се обрати на естрадата: Јас сум мега ѕвезда (фото)

Јелена Карлеуша им даде деловни совети на колегите од естрадата откако во рок од една недела објави два хит албума.

Пејачката на својот Инстаграм профил истакна дека најдобро е нејзините колеги да не снимаат ништо во следните неколку години бидејќи ќе бидат смешни.

– Ако се земе предвид дека сите песни на двата албума се хитови (а тоа се 19 песни) и дека моето визуелно и модно влијание и иновација е тешко победлива категорија, не сум сигурна дека во следните неколку години некој треба да сними албум и да се слика за својте албуми на овие простори. Ќе изгледа смешно и не треба да се споредува со мене. Кога станува збор за видео продукција, неколку години продукциите на овие простори се катастрофа. Подобро никогаш повеќе да не снимаат. Ова не е пофалба, ова е реалност – паметни и добронамерни совети, истакна ЈК под своите нови фотографии.

Да потсетиме, Јелена истакна дека два албуми за публиката во рок од една недела се повеќе од доволни, а третиот би бил излишен.

– Тоа навистина би било премногу. Не треба толку песни да се пуштат наеднаш. Два албуми се нешто што публиката досега не го добила. Мислам дека тоа е сосема доволно. Во септември ќе има многу други изненадувања. Во песната „Минута“ им благодарам на хејтерите бидејќи тие се причината што имав дополнителен мотив да се борам на овој начин. Да ми беше се лесно во животот, сигурно немаше да бидам таму каде што сум сега – изјави Карлеуша.