Колку би платиле за да скокнете од 40 метри во тотален мрак – туристичка атракција во Шкотска која го носи адреналинот на друго ниво

Љубителите на височините и адреналинот нема да ја пропуштат можноста да скокаат од оваа висина, но следната атракција ги преминува границите.

Не само што структурата е висока 40 метри, туку заинтересираните се потопени во целосен мрак(!), што овозможува дополнително ниво на возбуда.

Необичната атракција се наоѓа во Шкотска и на социјалните мрежи кружат видеа снимени во земјата. Само на X платформата имаат над девет милиони прегледи.

Донекаде застрашувачките кадри, кога човек исчезнува во темница, предизвикаа различни реакции.

„Не сум сигурен од што се плашам повеќе, темната бездна или висината“, напиша едно лице, додека друго лице додаде дека „не можам да ги разберам околностите под кои некој би сакал да го направи тоа“.

Дали би се осмелиле да скокнете од оваа висина?

@highlandflingbungee Moonlight Swing🌛 Try the Highland Swing in the dark!!👻 Only on the 25th of November📆 #fyp #foryoupage #scotlandtiktok #scotland #highlandfling #bungeejump #bungeeswing #highlandflingbungee #bungeeswing #highlandswing #haunted #ghost ♬ All Of The Lights – Kanye West