– Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска ќе информира за превентивните активности кои ќе ги преземе за време на изборите, во насока на спречување на вознемирувачки говор и пристапност до избирачки места.
На прес-конференција Комисијата, како што најавува, ќе ги потсети надлежните на препораките од мислењата донесени од страна на КСЗД во врска со дискриминација за време на изборите, како и на Општата препорака која се однесува на пристапност на сите избирачки места.