КОНЕЧНО ЈА ПРИЗНА ВИНАТА – Фудбалер од Холандија пијан возел 200 км/ч. и усмртил 4-годишно момче: “Нема казна…“
На холандскиот фудбалер Раиј Влоет му се заканува затворска казна од три и пол години откако призна дека возел под дејство на алкохол кога предизвикал сообраќајна несреќа во која животот го загуби четиригодишно момче.
Влоет пред судот изјави дека испил две или три алкохолни пијалоци таа вечер, а потоа седнал зад воланот непосредно пред несреќата што се случи во ноември 2021 година.
Непосредно пред несреќата возел со брзина од речиси 200 км/ч, кога удрил во задниот дел од возилото во кое се наоѓало четиричлено семејство. Животот во несреќата го загуби четиригодишно момче кое седело на задното седиште.
Влоет не сакал веднаш да и признае на полицијата дека бил зад воланот, а прегледот покажал дека испил двојно повеќе од законски дозволената количина на алкохол.
Влоет тогаш играше за Хераклес Алмело во Холандија, но набргу потоа замина во Казахстан да игра за Астана, додека моментално е во рускиот Урал.
Обвинителството побара три и пол години затвор за Влоет: „Тешко е да се бара соодветна казна во овој случај, бидејќи не постои таква казна што може да ги покрие загубите и страдањата на семејството“.