Корисно е и од кога ќе го испиете: Како да го користите талогот од кафе?

Не фрлајте талог од црно кафе бидејќи може да се користи за одржување на домаќинството, во борбата против штетници, но и за нега на телото.

Откако ќе испиете кафе , почекајте остатокот да се исуши, а потоа можете да го користите.

Ако забележите мравки во кујната, на терасата или било каде во станот, доволно е да го ставите талогот од две чаши на послужавник и мравките ќе се повлечат бидејќи всушност бегаат од тој мирис. Ако имате градина и забележите полжави, посипете мелено кафе околу цвеќињата и тие ќе исчезнат.

Измешајте го талогот од кафе со водата што ја користите за полевање на цвеќињата и ќе добиете природна исхрана за вашите растенија.

Користете го за пилинг и антицелулитна масажа. Грубите честички и киселата содржина на кафето делуваат како совршен пилинг за кожата. Измешајте мелено кафе со малку вода и кокосово масло и користете го под туш бидејќи ефикасно ги отстранува мртвите клетки на кожата. Може да ви помогне да го намалите целулитот со масирање точно таму каде што се наоѓа.

Ставете го исушениот кафе во прав во тегла без капак или завиткајте го во салфетка и ставете го во фрижидер. Во овој случај, кафето делува како природен освежувач, бидејќи ќе ги собере сите непријатни мириси од храната.

Кога лупите кромид или подготвувате риба, втријте ги рацете со талог од кафе. Мирисот на овие намирници од дланките и прстите ќе исчезне побрзо.

Со памукче, нанесете талог од кафе на гребнатини на дрвениот мебел и оставете го да отстои десет минути, а потоа избришете со памучна крпа. Оштетувањата на дрвените делови ќе бидат помалку видливи.

И уште нешто…

Ставете малку талог од кафе во пепелникот и непријатниот мирис од цигари брзо ќе исчезне.