Костадиновска Стојчевска: Платите во културата се зголемени за повеќе од 100 отсто и ќе продолжат да се зголемуваат
Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска најави дека платите во културата се зголемени за повеќе од 100 отсто и ќе продолжат да се зголемуваат.
Таа на својот Фејсбук профил напиша дека за пет години се исполни ветувањето за подобар и побезбеден живот на културните работници.
Нето платата на хорист во 2016 година изнесувала 21.236 денари, додека сега е 57.348 денари, додека мајсторот на светлината во 2016 година земал нето плата од 20.872 денари, денеска зема плата од 56.346 денари.
„Инвестирањето во човечки капитал во културата останува наш врвен приоритет за создавање на професионален и посветен кадар. Во следниот мандат платите на културните работници секоја година ќе се зголемуваат за 10 отсто“, вети министерката Костадиновска Стојчевска.