Замрзнувањето на храната е една од најстарите облици на зачувување на храната – од месо и некои зеленчуци до некои претходно подготвени оброци, кои се замрзнуваат, а потоа едноставно се загреваат подоцна. Сепак, подобро би било некои намирници да ги чувате подалеку од замрзнувачот, бидејќи по одмрзнувањето може да изгубат дел од своите својства, а некои од нив ги издвојуваме подолу.
Лиснат зеленчук
Суровиот лиснат зеленчук, како што се кељот, спанаќот, зелката, целерот, зелената салата, магдоносот и блитвата, не треба да се замрзнуваат сирови бидејќи тоа ќе влијае на нивниот вкус и текстура. Сите овие зеленчуци може да се бланшираат, а потоа да се замрзнат (освен зелената салата, која станува кашеста кога ќе се замрзне).
Домати
Суровите домати исто така не се добри за замрзнување, поради нивната висока содржина на вода. Сепак, тие може да се готват или да се направат пире или сос, а потоа да се замрзнат.
Компир
Друга храна што никогаш не треба да ја замрзнувате е компирот – без разлика дали е суров, варен или печен, тие не реагираат добро на процесот на замрзнување, што може да го промени нивниот вкус и конзистентност.
Тестенини и ориз
Ако ви се допаѓаат тестенините и оризот ал денте, не ги замрзнувајте. Готвените тестенини и оризот ќе го изгубат вкусот и конзистентноста и ќе станат кашести.
Млечни производи
Од млечните производи не треба да го замрзнувате млекото кое по одмрзнувањето ќе стане грутка, ниту павлаката која ќе се одвои по одмрзнувањето. Исто така, не е добра идеја да се замрзнуваат меките сирења, како што се рикота и фета, бидејќи тие можат да ја променат текстурата, а крем сирењето може да стане воден по одмрзнувањето.