Кој беше Дру Гордон кој загина трагично? Играше за Партизан и беше брат на омилениот соиграч на Јокиќ

Поранешниот НБА играч Дру Гордон, постариот брат на Арон Гордон од Денвер Нагетс, загина во сообраќајна несреќа во Портланд, Орегон во четвртокот, потврди неговиот агент Келвин Ендрус и Нагетс за ESPN.

Оваа вест го шокираше светот, особено поради тоа што Дру во кариерата со голем успех настапуваше за Партизан.

Кој беше Дру Гордон?

Дру Гордон, постариот брат на играчот на Денвер Нагетс, Арон Гордон, имаше извонредно патување низ светот на кошарката. Роден на 12 јули 1990 година, Дру остави значаен белег и на теренот и надвор од него.

Гордон беше ѕвезда во средно училиште и имаше понуди од престижни универзитети како Дјук и Кентаки. На крајот се одлучи за УКЛА каде играше од 2008 до 2010 година. Во текот на неговата прва сезона, тој имаше просек од 3,6 поени и 3,4 скока по натпревар. По краток престој, тој се префрли на Универзитетот во Ново Мексико, каде што продолжи да се истакнува. За време на својата јуниорска година, тој просечно бележеше одлични 13 поени и 10,5 скока по натпревар. Неговата последна сезона со Лобос имаше просек од 13,7 поени и 11,1 скока по натпревар.

Проектиран како пик во втората рунда, Гордон остана недрафтиран на драфтот во НБА во 2012 година. Тој се приклучи на Далас Маверикс за Летната лига на НБА во 2012 година.

Професионалната кариера на Гордон го однесе низ различни лиги. На 20 август 2012 година, Дру потпишал едногодишен договор со белградски Партизан За време на 10 натпревари во Евролигата, тој имал просек од 9,1 поен и забележал 7,5 скока по натпревар.

После тоа, Гордон се враќи во САД, каде игра за Филаделфија, но само на девет натпревари, по што се врати во Европа и игра во Литванија, Русија, Полска… Инаку, играчката кариера ја заврши минатото лето. при што настапуваше за гореспоменатите Партизан и Сасари, како и за Банвит, Шалон, Лиетовос Ритас, Зенит, Лонг Ајленд Нетс, Зјелона Гора, Автодор, Кубан, Будивељник и Фукуока.

Дру во текот на својата кариера често ја крена публиката на нозе со атрактивни забивања.

Неговата разновидност и посветеност беа очигледни во текот на неговата кариера. Учествуваше на Ол Стар во Франција и Русија, го освои Купот во Италија во 2014 година, заедно со голем број индивидуални награди во колеџ кошарка.