КОЈ ГО ИЗГАСНА ПОЖАРОТ КАЈ ДОЈРАН !? Стојанче Ангелов контра МВР: “Дождот го изгасна силниот пожар!“

Дождот го изгасна силниот пожар кој попладнево избувна кај Дојран, пред селото Николиќ.

Веста за МИА ја потврди директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според информации од жителите на селото Николиќ, дождот кој почнал да врне околу 20 часот го изгаснал пожарот, кој заради силниот ветер се закануваше да се префрли и на првите објекти во селото.

Во гаснењето на пожарот учествуваше големиот полициски хеликоптер кој во повеќе наврати прецизно ја исфрлаше водата од ведрото од три тони, како и пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈПНационални шуми“.

Според првичните информации пожарот зафатил поголема површина на шума, а целосна информација колкава е штетата ќе се знае дополнително.