„Кој е следен“ утре на протести ќе бараат правда за низа трагични случаи

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ почна да поднесува барања во врска со трагедијата во Кочани. Претставниците на оваа иницијатива велат дека формалниот поднесок доаѓа откако нема реакција на барањата кои се изнесени од минатиот месец.

Омер Мухамеди, од оваа иницијатива, најави и утрешен протест кој ќе започне од Владата, а ќе заврши кај Кривичниот суд, каде меѓу другото рече дека правдата ќе се бара за 22-годишната Теодора Ристовска.

„Иако нашите барања беа изготвени и презентирани во јавноста од минатиот месец, немавме никаква реакција од надлежните институции за спроведување на овие барања, така што сега почнуваме од денеска со формално доставување преку архивата до сите институции за кои сметаме дека се надлежни“, изјави Омер Мухамеди, претставник на иницијативата „Кој е следнен“.