КРЕМЉ ГИ ГУБИ НЕРВИТЕ – Министерството за одбрана на Русија тврди: “Погледнете што сакаа да ни направат Украинците во Црното Море! Ова е чист тероризам!“
Украинските поморски беспилотни летала се обиделе да нападнат руски цивилни пловила во Црното Море, но биле уништени од бродови за придружба на руската морнарица, соопшти во вторникот Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението, Министерството за одбрана на Русија вели дека – „во текот на ноќта режимот во Киев се обиде да изврши терористички напад врз руски цивилни транспортни бродови кои се упатиле кон Босфорскиот теснец во југозападниот дел на Црното Море, користејќи три полупотопни беспилотни летала“.
Претходно денес, претставници на Министерството за одбрана на Русија соопштија дека украинските беспилотни летала неуспешно нападнале два руски патролни брода во истата област, додавајќи дека бродовите продолжиле со своите операции.