На прашањето дали Кремљ е подготвен да преговара со некој од претставниците на сегашните власти во Киев, портпаролот одговори: „Тешко дека можеме да зборуваме за тoa, какви било преговори со Руската Федерација се забранети [во Украина].“
Нема предуслови за мировни преговори за ставање крај на конфликтот во Украина, соопшти денес Кремљ.
Запрашан кој од плановите предложени од различни страни за мирно решавање на 14-месечниот конфликт е поблизок до Русија, и дали Русија има своја верзија на таков план, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Прерано е да се говори за тоа, засега нема предуслови за мирно решение.“
На прашањето дали Кремљ е подготвен да преговара со некој од претставниците на сегашните власти во Киев, Песков одговори: „Тешко дека можеме да зборуваме за такво нешто бидејќи какви било преговори со Руската Федерација се забранети [во Украина].“
Во октомври минатата година, украинскиот претседател Владимир Зеленски ја стави на сила одлуката со која се забрануваат какви било преговори со Русија сè додека Владимир Путин е на функцијата претседател.