Кремљ: Украина изврши масовен напад со крстосувачки ракети врз Севастопол

– Украина изврши масовен напад со 10 крстосувачки ракети врз бродоградбата во пристанишниот град Севастопол на Крим, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

Според соопштението на Министерството, седум од 10 проектили биле соборени од руските системи за противвоздушна одбрана, додека три погодиле цели, раниле 24 лица, оштетиле осум станбени згради и два брода што се поправале во фабриката за бродоградба и предизвикале огромен пожар.

„Три морски беспилотни летала нападнаа одред на бродови на руската Црноморска флота, уништувајќи ги сите“, соопшти Министерството.

Нападите со беспилотни летала во Русија драматично се зголемија во последниве месеци, особено во Москва, на територијата на Украина на Крим незаконски анектирана од Русија во 2014 година и во руските региони што граничат со Украина, а властите ја обвинуваат Украина дека стои зад нив.

Иако Киев не ја презеде одговорноста, украинскиот претседател Владимир Зеленски во јули изјави дека нападите на руска територија се „неизбежен, природен и апсолутно фер процес“.