ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА, СО НОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА, МУ ГО ЧЕСТИТАА ЗАМИНУВАЊЕТО НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОД СПИКЕРСКОТО СТОЛЧЕ
Пратениците на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, денес поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.
Пријавата, која е деветта по ред против беззаконието и силеџиството на овој амнестиран терорист, е поднесена поради пропуштање должен надзор и злонамерно несовесно постапување во случаите со шверцуваните пет закони за „Бехтел и Енка“ (Законот за стратешки партнер за коридорите 8 и 10-д + Законот за урбанистичко планирање + Законот за градење + Законот за експропријација + Законот за работни односи), кои спротивно на сите деловнички правила беа пуштени со европско знаменце – без пополнета кореспондентна табела и без потпис од надлежните министри.
Пријавениот бил должен истите да ѝ ги врати на Владата, како предлагач, со барање за усогласување со одредбите од Деловникот – а не го сторил тоа, поради што го довел парламентот во заблуда и ги повредил загарантираните уставни права на пратениците, за што подлежи на кривично-правен прогон по службена должност.
Ја известуваме македонската јавнос дека правниот тим на Левица подготвува уште најмалку две кривични пријави против Џафери, за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија.
СООПШТЕНИЕ – Президиум на Левица
„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.