Лајчак: Продолжување на дијалогот во понеделник, лидерите ќе се занимаваат со Договорот за нормализација
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска, по новата рунда дијалог во Брисел, најави дека е договорено разговорите да продолжат следниот понеделник.
Тој на социјалната мрежа „Х“ напиша дека лидерите ќе треба да се позанимаваат со Договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
„Бев домаќин на двајцата главни преговарачи за да разговараат за имплементацијата на Договорот за патеката на нормализација и други прашања, вклучително и влијанието на одлуката за плаќање во готовина. Се договоривме да продолжиме со ова прашање следниот понеделник, додека Договорот ќе треба да се реши до лидерите“, рече Лајчак.