Левица: Фирма која е блиска до Ковачевски добила тендер од ЈСП за терминали кои често не се во функција
Сѐ повеќе корисници на услугите на јавното претпријатие за превоз алармираат за нефункционалноста на новиот систем за електронска наплата во автобусите на ЈСП. Позади новиот систем на електронска наплати стои приватната фирма „АИТОНИКС”, чиј претседател на одборот на директори, Марко Андонов, е близок колега на експремиерот од СДС, Димитар Ковачевски.
Оваа компанија е актуелен изведувач – носител на набавката, преку сомнително склучен договор за јавна набавка со ЈСП Скопје за фрапантна сума од 140 милиони денари (или над 2 милиони евра), од страна на претходниот директор Крсте Петревски. Како што стои во објавата од 21 август на официјалната фејсбук страна на ЈСП Скопје, наводно надградбата на системите за контрола и управување на јавниот градски транспорт, како и новиот систем за електронска наплата се очекува веќе да се во завршна фаза на имплементација. Но, според реакциите од граѓаните кои директно се соочуваат со компликациите на терен, новите терминали за електронска наплата на билети често не се во функција. Со ова, дополнително се оштетува и буџетот на ЈСП, затоа што се отежнува проблемот со наплата на билети.
Потсетуваме дека актуелната владејачка партија ДПМНЕ, додека беше опозиција, обвинуваше дека за помалку од три години, фирмата „Аитоникс” од тогашната влада на Ковачевски за софтверски лиценци добила над 40 милиони евра! Токму ДПМНЕ во опозиција тврдеше дека познанството на Ковачевски со сопственикот на „Аитоникс” е пресудно за добивање на тендерите и најавуваа дека ќе има одговорност за криминалот со софтверски лиценци.
Актуелниот директор на ЈСП, Драги Кушовски потребно е веднаш да изврши проверка на квалитетот и сообразност на тековно испорачаните услуги и изведбата во однос на техничката спецификација.Со оглед на тоа што се работи за милионски договор од претпријатие кое е заглавено во ДОЛГОВИ, потребно е раководството итно да испита дали се применуваат прописите, стандардите и техничките нормативи согласно одредбите на договорот? Ја потсетуваме и актуелната влада предводена од Мицкоски дека ветуваше одговорност за криминално склучените тендери на СДС токму со оваа компанија – па оттаму, ги повикуваме да иницираат истражни постапки и за договорот вреден 2 милиони евра, склучен со јавното претпријатие за превоз.