Легендарниот Арнолд Шварценегер открива дека има проблем што го следи цел живот: Актерот призна се во својата 76. година: “Вистината е дека бев преплашен…“
Актерот Арнолд Шварценегер призна дека е дислексичен, објавувајќи дека завршил со снимањето на неговата аудио книга „Be Useful“, која исто така ќе се појави во хартиена форма на 10. октомври.
„Можев да ви кажам дека беше одлично да седнам и да ги снимам моите зборови, но вистината е дека бев преплашен. Еве ја мојата тајна: Јас сум ужасен читател“, напиша Арнолд Шварценегер на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Потсетувајќи се како во 1950-тите години, кога се школувал во родната Австрија, не се споменувале деца со потешкотии во учењето, Арнолд Шварценегер го опишал неговото читање пред класот како неуспешно.
„Но сега знам дека сум дислексичен. Кога се подготвувам за филм, го читам сценариото одново и одново со месеци, додека не го запомнам секој ред. Потребно ми е време и повторување за да ги научам зборовите“, признал актерот.
Како што е најавено, во неговата книга, Арнолд Шварценегер преку своите искуства носи седум правила кои треба да се почитуваат за да се сфати вистинската смисла на сопствениот живот.
Зборувајќи за аудио книгата, Арнолд Шварценегер изјави дека му било кажано дека писателите ќе го направат своето за два до три дена во студио, додека тој побарал домашни услови за неговото снимање и најавил дека ќе минува од 20 до 30 страници дневно.
Според него, тоа му овозможило да работи со режисерот и продуцентот два пати на ден на пократки сесии, со континуирана пракса помеѓу нив.
„Направив толку многу повторувања што не можам да ги избројам. Ги искршив на мали парчиња, знаејќи дека малите победи градат големи победи, или во случајов цела книга“, истакнал славниот актер.