Легендарниот капитен на Реал Мадрид се ожени со Хрватка која го обожава Новак Ѓоковиќ

Легендарниот капитен на Реал МадридФернандо Јеро се ожени со атрактивната хрватска новинарка Фани Стипковиќ, со што ја круниса долгогодишната врска со неа.

Шпанските медиуми пишуваат дека споменатата двојка чека дете, што се гледа од фотографиите кои Фернандо Јеро ги споделува на социјалните мрежи, а венчавката се случила во Гвадалахара.

Да потсетиме, Фернандо Јеро е спортски директор на Чивас.

Свадбата се одржа на 13 септември во прекрасниот хотел ‘Casa Pedro Loza’ во центарот на Гвадалахара. Церемонијата беше интимна и присуствуваа само 12 гости, а поради старата зграда со прекрасен поглед на градот, се изгледаше како нешто од филм. Мислевме дека ќе има уште помалку гости. Се преселивме од Шпанија во Мексико, јас сум бремена, а Фернандо имаше само една недела одмор, па не сакавме никаква помпа“, изјавила Фани Стипковиќ за хрватските медиуми.

Фани Стипковиќ, инаку, е позната по тоа што го обожава Новак Ѓоковиќ, кого своевремено го интервјуираше.

Тој не е само најдобриот тенисер во светот, тој е прекрасно човечко суштество кое го користи својот статус и слава за да ја пренесе пораката за љубов што треба да ја имаме еден за друг и да помогнеме да го направиме овој свет подобро место со неговите пораки и акции. Ти благодарам за интервјуто, Ноле, ти си вистински пример за примерен спортист и уште подобра личност“ изјави тогаш Фани Стипковиќ.