Легендарниот Томас Милер го продолжи договорот со Баерн Минхен: “Тој е лидер, и на теренот и надвор од него!“

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер го продолжи договорот со Баерн Минхен, објави официјално клубот.

Томас Милер и Баерн Минхен ја продолжија соработката до крајот на сезоната 2024/25. Тој во Баерн Минхен пристигна на 10 години и доколку остане во клубот до крајот на новиот договор, во Баерн Минхен ќе помине 25 години!

Тој е лидер, и на теренот и надвор од него. Тој игра паметно и е многу разновиден. Исто така, тој речиси никогаш не е повреден, тој е секогаш тука“, изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд.

Томас Милер има одиграно 684 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања и има 22 натпревари помалку од рекордот на Баерн Минхен за најмногу настапи кој го држи голманот Сеп Мајер.

Сакам да му помогнам на тимот да оди во вистинската насока. Сакам да ги израдувам нашите навивачи со голови, асистенции…“, истакна Томас Милер.

Томас Милер освои 12 титули во германската лига со Баерн Минхен и двапати го крена пехарот во Лигата на шампионите.