Легендарниот фудбалер заборави на името на Алараз! Го спомна Новак, па се избламира: „Го сакам и тој шпански тенисер…“
Познатиот фудбалер Луис Фиго направи лапсус кој ја обиколи цела планета.
Имено, познатиот ас откри дека сака да гледа тенис, особено Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Сака да го гледа и Алкараз, но кога сакаше да го истакне го заборави неговото име и му се обрати со „оној шпански тенисер“.
Мастерсот во Мадрид е во тек, а Фиго е снимен како ги гледа натпреварите во шпанската престолнина, а новинарите веднаш го „уловиле“ и направиле интервју со него.
– Сакам да ги гледам Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Како и тој шпански тенисер – рече Фиго во изјава за „Скај Спортс“, а нема сомнеж дека мислеше на Алкараз.
Фиго истакнува дека не го пропушта Мастерсот во Мадрид, но дека нема да го одигра егзибицискиот меч, иако тоа го најави директорот на турнирот Фелисијано Лопез.
– Ништо не ветив, не играм тенис. Сакам да го гледам тој спорт и секогаш кога сум во Мадрид одам на натпреварите, бидејќи турнирот е одличен. Луѓе кои играат тенис лошо, играат падел и тој спорт е популарен во целиот свет многу долго време. Сепак, во моментов најмногу сакам голф – откри Фиго.