ЛЕГЕНДАТА НА АРГЕНТИНА СЕ ЗБОГУВА ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА – “Ова е мојот последен турнир!“

Репрезентацијата на Аргентина наскоро ќе остане без еден од најголемите играчи кои некогаш го носеле националниот дрес. Имено, 35-годишниот Анхел Ди Марија објави крај на репрезентативната кариера.

Копа Америка ќе биде мојот последен турнир“, изјави светскиот шампион за аргентинскиот дневен весник Ole

Споменатото натпреварување ќе се одржи во САД од јуни до јули 2024 година.

Аргентинците се бранители на титулата, тие ја освоија Копа Америка во 2021 година со победата од 1:0 во финалето против најголемиот ривал Бразил. Стрелец за триумфот беше токму – Анхел Ди Марија.

слика
Анхел Ди Марија

Легендарното крило за националниот тим дебитираше во 2008 година, а претходно ги помина сите младински селекции. Досега има забележано 134 настапи и има постигнато 29 голови. Врвот во неговата кариера секако е освојувањето на Светското првенство во Катар 2022 година.

Сепак, Анхел Ди Марија се уште не размислува за крај на клупската кариера. Тој сака да продолжи да игра, иако се уште не е сосема јасно во кој клуб ќе се смести.

Неговиот договор со Јувентус истече летово и тој не го продолжи. Така тој се пресели во својот поранешен клуб Бенфика од Лисабон и потпиша едногодишен договор – со опција за продолжување. Се уште не е јасно дали ова ќе биде неговиот последен клуб или ќе бара друга средина за да ја заврши својата славна кариера.