Легендата на Барселона лежи во затвор и ја чека судбината, но му пристигнува голема помош: Нејмар “крои“ план за ослободување на Дани Алвеш ?

Поранешниот фудбалер на БарселонаДани Алвеш, во февруари ќе оди на суд поради обвинението дека пред една година силувал жена во ноќен клуб во Барселона. Доколку биде прогласен за виновен, Дани Алвеш се соочува со затворска казна од осум до 10 години. Жртвата бара отштета од 150.000 евра за „физички и психички“ последици по наводното силување во ноќен клуб.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, Дани Алвеш во очај го контактирал својот поранешен соиграч од Барселона, ПСЖ и репрезентацијата, Нејмар. Од него побарал финансиска и правна помош, а многу брзо му биле исплатени 150.000 евра за да плати казна наречена – „ублажување на надоместокот на направената штета“.

слика
Дани Алвеш

Покрај парите, Дани Алвеш добил и нов адвокат, а во тоа посредувал самиот Нејмар. За нов претставник го назначил Густав Ксист, еден од најстарите правни застапници на компанијата на таткото на Нејмар.

Покрај самиот Дани Алвеш, во случајот се вклучи и неговата мајка Лусија Алвеш, која објави видео на кое сака да ја дискредитира жртвата. Сега и таа се соочува со казна затвор од три месеци до една година за компромитирање на судењето и кршење на правото на анонимност на жртвата.

Случајот ќе биде разрешен на почетокот на февруари за кога е закажано судењето на прославениот Бразилец.