Легнаа пред повеќе од еден месец, а се уште не станаа: Уште четворица натпреварувачи се борат за 1.000 евра, откриле кој навечер не им дава мир!

Водителот на етно село „Црна Гора“ Борис Круниќ неодамна за РТС изјави дека натпреварувачите се чувствуваат одлично.

Натпреварот во излежување во Црна Гора трае повеќе од еден месец, а останаа уште четворица учесници – две жени и двајца мажи, кои се борат за прво место и парична награда од 1.000 евра. 

Водителот на Етно село „Црна Гора“ Борис Круниќ неодамна за РТС изјави дека натпреварувачите се чувствуваат одлично, а на терен секојдневно има лекар кој ја проверува психичката и физичката состојба на учесниците. 

– Јадат, пијат, мислам дека ништо не им фали. Најпрвин мислевме дека овој натпревар ќе трае околу 10 дена, но се продолжи на повеќе од еден месец. Се претвори во игра без граници – изјави тој. 

 

На прашањето што најмногу им пречи на натпреварувачите, тој истакна дека ’рчењето кое доаѓа од Јован од Крушевац, единствениот натпреварувач од Србија, не им дава мир навечер. Сепак, како што низ смеа вели, учесниците веќе се навикнати на тоа.

Натпреварот во лежење со години се одржува во црногорското етно село Брезна, кое се наоѓа меѓу Никшиќ и Плужине. 

Правилата се едноставни – на натпреварувачите не им е дозволено да стануваат од подот, но им е дозволено да спијат, да читаат книги, да јадат и да пијат.

Тие можат да станат само кога одат во тоалет, што е на секои осум часа.