Летовите од и до грчките аеродроми ќе бидат прекинати во четврток.
Контролорите на летање и работниците во цивилната авијација треба да ја напуштат работата за да се приклучат на 24-часовниот национален штрајк поради најсмртоносната железничка несреќа во земјата досега, објави денеска Ројтерс.
Сите летови ќе бидат прекинати помеѓу пладне и полноќ по локално време, а на 16 март ќе има само прелети, итни летови и можни спасувачки летови, изјави неименуван претставник на Управата за цивилна авијација.
Одлуката се очекува да влијае на стотици летови на околу 40 аеродроми во земјата, а бродовите исто така ќе останат врзани во пристаништата поради штрајкови.
Генералниот штрајк, свикан од најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, е последен во серијата протести против владата и политичкиот систем за кој се вели дека постојано ги игнорирал повиците на синдикатот за зголемени безбедносни мерки.