“ЛИОНЕЛ МЕСИ НЕ ПОКАЖА ПОЧИТ КОН КЛУБОТ!“ – Првиот човек на ПСЖ жестоко го прекори славниот Аргентинец: “Не е лош човек, но…“

Претседателот на Париз Сен ЖерменНасер Ал Хелаифи, смета дека поранешниот играч на францускиот тим Лионел Меси покажал големо непочитување кон клубот.

По заминувањето од Париз, Лионел Меси во неколку наврати зборуваше за проблемите во ПСЖ, потенцираше дека не е среќен во клубот и дека не ужива во неговата игра.

Тоа воопшто не му се допадна на богатиот сопственик на францускиот клуб.

Зборувај додека ќе си тука, а не кога ќе си заминеш. Имам многу почит кон него, но ако некој зборува лошо за ПСЖ по заминувањето од клубот, тоа не е добро. Тоа не е почит. Тој не е лоша личност, но не ми се допаѓа ова. Мојот коментар не е само за него, туку за сите“, изјави Насер Ал Хелаифи.

Насер Ал-Хелаифи, Насер Ал-Хелаифи
Насер Ал Хелаифи

Тој откри и зошто по Светското првенство во Катар не му дозволил на Лионел Меси да го донесе трофејот освоен со Аргентина во „Паркот на Принцовите“.

Многу луѓе зборуваат за тоа како не го почитувавме доволно откако го освои Светското првенство. Ние сме во Франција и тој го победи Килијан Мбапе… Ние сме француски клуб. Не сакав целиот стадион да биди против него. Мислам дека треба да го почитуваме тоа“, смета Насер Ал Хелаифи.