Лога: Ако сакаме да ја зачуваме унитарноста, мора да има легитимен претставник на Албанците во власта
Секој чекор носи последици. Ако јас како Албанец си гласам за албанска политичка партија и после вие имате победник од македонската страна кој цело време ќе бира кој ќе му биде послушник од Албанците, се доведува во прашање дали Албанецот треба да гласа во Македонија. Ако вие го немате вашиот претставник во институциите претставен од легитимни претставници, тогаш вашиот глас нема никаква тежина”, рече Лога.
Лога рече дека при дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ и со меѓународната заедница го дискутирале прашањето за вредноста на гласот на Албанците во Македонија.
„Ако Албанецот нема да има можност да гласа, во овој случај ќе гласа само формално бидејќи некој друг ќе одлучува за него, вие ќе имате деформирање на системот. Ако имате деформирање на системот, тоа ќе има последици. Ние не сакаме да ги отвориме овие прашања бидејќи, знаете, лесно е да се биде патриот во една држава кога вие сакате да ја нарекувате како што сакате, а од друга страна, да барате од помалите заедници или, во овој случај, втората најголема заедница во државата да ја користи како украс во власта, без да има можност да владее во Македонија“, смета Лога.