Лорен Санчез ги обожава луксузните модни додатоци: Таа покажа чанта од 15.000 евра која повеќе не може да се купи (фото/видео)

Џеф Безос и Лорен Санчез се вратија во Европа по краткото патување во Соединетите Американски Држави (САД), а новата сопруга на милијардерот привлече внимание со уште еден скап моден додаток.

Санчез беше видена во неделата во познатиот хотел „Кап-Еден-Рок“ во Кап д’Антиб, облечена во винтиџ фустан од Роберто Кавали со отворен грб во смели нијанси на сина, жолта и светло розова боја.

Таа носеше сандали со потпетици од „Аквазура“ и ретка чанта од „Диор“ вредна 15.000 долари.

Нејзината мала чанта „Лејди Диор микро“ со монистра го содржи мотивот на луксузниот бренд „Рêve d’Infini“ („Сон за бесконечност“) од уметникот Пјетро Руфо, кој е базиран на мозаик од компас од домот од детството на Диор во Гранвил, Франција.

Иако овој модел во ограничено издание повеќе не е достапен за купување во бутиците на Диор, првично се продаваше за над 15.000 долари и доаѓаше во соодветна кутија украсена со истите уметнички дела, што го прави вистински колекционерски предмет.

Санчез не е непозната за луксузните модни додатоци, а во последно време често носи исклучително ретка верзија на иконската чанта Кели на Хермес – Кели Мидас, чија цена е неверојатно висока.

Даниел Енгландер, експерт за луксузни стоки, наведува дека името на оваа чанта е инспирирано од кралот Мида, грчки митски лик кој сè што ќе допре го претвора во злато.