Лутата храна го зголемува тестостеронот кај мажите

Хормонот кој го контролира растот и развојот го контролира и сексуалниот нагон.

Состојките како лук, чили пипер, васаби, ѓумбир или рен додаваат топлина на храната. Зачините и лутата храна се користат во кујната и во медицински цели на сите континенти.

Мажите кои консумираат лута храна имаат високо ниво на тестостерон. Ова беше откритието на научниците од Универзитетот во Гренобл кои ја проучуваа содржината на лутата храна и нивото на хормони.

Во напис за престижниот дневен весник „Телеграф“ беше појаснето дека овие резултати се во согласност со проучувањето на голем број однесувања кај мажите.

Во истражувањето учествувале 114 мажи на возраст од 18 до 44 години.

Тие пробале лута храна и резултатите покажале дека оние кои консумирале високо ниво на лута храна имале високо ниво на тестостерон.

Тестостеронот игра важна улога кај мажите. Го контролира растот, развојот и владее со неговиот сексуален нагон.

Лутата храна помага и при слабеење, спречува рак, го намалува крвниот притисок, го штити срцето и помага во намалување на стресот.