МАДУРО ИМ ГИ ПОКАЖА ЗАБИТЕ „Ако тоа се случи, влегуваме во вооружена фаза на борбата!“

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги осуди „заканите“ од Соединетите Американски Држави, велејќи дека тие „ќе влезат во фаза на вооружена борба“ доколку Венецуела биде нападната.

Мадуро рече дека Венецуела „сè уште е во фаза на борба без оружје, што е политичка, комуникациска и институционална фаза“, но додаде дека доколку „биде нападната на некаков начин, ќе премине во фаза на вооружена, планирана, организирана борба на сите луѓе против агресија, без разлика дали е локална, регионална или национална“, пренесува Ефе.

Тој, исто така, истакна дека Венецуела е во „фаза на подготвеност и подготовка“ за одбрана и дека ќе премине на „распоредување на одбранбените капацитети, обука и преквалификација на целото венецуелско население“.

Мадуро нагласи дека венецуелскиот народ е и мирен и воинствен и дека „никој нема да дојде да го пороби, ниту денес ниту никогаш“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја предупреди Венецуела дека нејзините авиони ќе бидат соборени доколку ги доведат американските авиони „во опасна ситуација“, откако Пентагон потврди дека два венецуелски Ф-16 прелетале над американски разорувач во Карибите.

Во последните недели, американската војска распореди повеќе од 4.000 маринци во водите околу Латинска Америка и Карибите , како дел од зголемените напори за борба против нарко-картелите, од кои повеќето се означени како странски терористички организации од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.